Воздушните сили на САД имаат намера да додадат стелт-бомбардери B-21 во својата флота.

Првите два произведени бомбардери се подготвени за лет, а американското воено воздухопловство сега објави рендер на новата генерација бомбардери кој открива како ќе изгледаат.

Таканаречениот B-21 Raider, заедно со бомбардерот B-52, ќе биде клучен за воздухопловните сили, а дизајниран е за напади со долг дострел и за извршување на надзор и извидување. Исто така, неговиот дизајн овозможува еволуција на авионите и разни промени во зависност од заканите во иднина.

B-21 Raider им оддава почит на Doolittle Rider кои ги изненадија јапонските сили со нападот во Втората светска војна. Овој нов авион ќе стане првиот бомбардер во 21 век, а неговиот развој започна во 2015 година кога на компанијата Northrop Grumman ѝ беше доделен договор од страна на американските воздухопловни сили.

Првите тестови ќе се вршат базите во Мисури и Јужна Дакота.

Познато е дека авионот ќе може да извршува напади со конвенционално, но и нуклеарно оружје. Нуклеарните крстосувачки ракети ќе ги развива Raytheon и тие ќе бидат дел од арсеналот на бомбардерите B-21 Raider.

Воздухопловните сили на САД се очекува да имаат најмалку 100 авиони, од кои секој ќе чини 639 милиони долари.

Извор: Klix.ba