Научници од институтот за керамика во Шангај, Кина, развија огноотпорна позадина за ѕидови (тапети) базирана на графин. Според хемичарите кои подолго време работеа на проектот, специјални сензори кои се вградени во специјалните тапети ќе имаат улога на аларм за предупредување во случај на пожар во станот каде тапетите се поставени на ѕидовите.

Составот на овие паметни тапети им овозможува да сигнализираат при зголемување на температурата до +130 степени. Кога температурата ќе дојде до оваа критична точка, позадината емитува бип-сигнал кој не запира пет минути.

Структура на хартија се состои од нано-жици хидроксиапатит во должина од 10 микрометри и дебелина од околу 10 nm. Изработката на таквата хартија за тапети е доволно чувствителна и отпорна на оган во истовреме.