Од Samsung пристигнуваат неколку уреди, а за речиси сите од нив веќе протекоа информации. Меѓу нив е и Galaxy Watch 4, кој се очекува наскоро.

Како што пишуваат јужнокорејските медиуми, Samsung на 11. август ќе го одржи настанот  Unpacked на кој ќе го претстави новиот паметен часовник Galaxy Watch 4. Терминот не е изненадување, бидејќи и претходните години компанијата одржуваше настани во првата половина на август, а тие обично се врзуваа за Galaxy Note моделите.

На истиот настан, покрај Galaxy Watch 4 часовникот би требало да бидат претставени и нови смартфони од Z серијата, како и Galaxy Buds 2 слушалките.