Иако 5G e главната тема во последната година и полoвина, сега луѓето веќе почнаа да зборуваат за 6G мрежата.
Во САД, 5G мрежата сега е главна и целата земја е покриена со новата мрежа. 5G напредува и низ целиот свет, и можеме да ја видиме и кај евтините паметни телефони, што е доказ колку брзо созрева безжичната технологија.
Не сме ни почнале да се навикнуваме на 5G, а веќе се зборува за 6G мрежата.
Секоја мрежа трае околу една деценија, поточно секоја нова генерација, па затоа е рано да се очекува дека 6G мрежата ќе се појави на крајот на оваа деценија.
Сепак, веќе се развива, а и се зборува за неа, бидејќи научниците се состанаа на „Мобилниот светски конгрес“ и разговараа за развојот на 6G мрежата и за тоа како ќе се одвива.
Тингфанг Џи, директорот на Qualcomm и човек кој има повеќе од 800 патенти под неговото име, рече дека ќе можете да ја почувствувате 6G, а и дека мрежата ќе ја чувствува вашата околина.
6G ќе биде далеку побрза од 5G и ќе биде врска помеѓу реалниот и дигиталниот свет, така што вашиот телефон ќе знае сè што се случува околу вас во даден момент, вели Џи.
Тој мрежата ја нарече радар и нагласи дека чувството ќе биде далеку помоќно отколку порано. Фреквенцијата на 6G мрежата ќе биде 1.000 пати побрза од гигахерците.
Извор: B92.net