Украинските сили користат „герилски тактики“ и го употребуваат американскиот пренослив ракетен систем за да ги уништат руските тенкови.

Целта на украинските сили е подобро да одговорат на супериорните руски сили, а едно од клучните оружја е американскиот FGM-148 Javelin. Станува збор за пренослив противтенковски систем за чие користење е доволно едно лице. Оружјето почна да се користи од страна на вооружените сили на САД во 1996 година.

Поради фактот што има можност за пребарување и уништување цели благодарение на автоматскиот инфрацрвен систем за водење, Javelin е идеално оружје за уништување на непријателски оклопни возила од релативно безбедно растојание. Всушност, корисникот на Javelin не мора да има визуелен контакт со целта по истрелување проектил, туку може брзо да се засолни.

Боевата глава наречена HEAT е многу моќна против оклопни цели како тенкови, а клучно е  тоа што е дизајнирана да детонира на врвот на метата, што е најслабата точка на нешто како тенк. Тоа е и идеално оружје против утврдувања.

Javelin досега се користеше на голем број боишта низ светот, вклучувајќи ги Авганистан, Ирак, Сирија, Либија и Украина.

Во Украина, домашните сили го користат за да ги блокираат клучните раскрсници и да ги оневозможат или уништат руските рути за снабдување и оклопните возила. На 28 февруари, CNN јави за уништениот конвој руски оклопни возила кои се обидуваат да го преминат мостот.

Овој мост, кој има тесна пристапна точка, бил идеална локација за заседа. Меѓутоа, возилата можеле да бидат уништени со друго оружје, но во тој случај би била потребна артилерија или системи монтирани на авиони.