Апликацијата WhatsApp почна да ја тестира новата опција која се однесува на пораките.
WhatsApp во ноември ги воведе пораките што исчезнуваат кои им овозможуваат на корисниците да испраќаат текстуални пораки, фотографии и други содржини кои автоматски се бришат по седум дена. Меѓутоа, доколку на некои тоа им е предолг период, блиску е и ново решение.
Се работи за опцијата под името View Once, која овозможува исчезнување на фотографии и видеа веднаш откако ќе ги виид примателот и ќе го затвори прозорецот. Овие пораки немаат preview во секцијата за нотификации, ниту на заклучениот екран.
View Once пораките можат да се испраќаат во индивидуални или групни четови, а опцијата се активира со допир на заокружениот број 1 во боксот за текст, односно испратената содржина.
Оваа функција функционира дури и ако апликацијата на примателот се уште не ја поддржува. Само бета верзијата на апликацијата (2.21.14.3) го поддржува испраќањето на вакви пораки.
Меѓутоа, треба да се има во вид дека WhatsApp не штити од скриншотови и снимање на екранот, со што може да се „надмудри“ View Once функцијата. Доколку примателот ја сними или сликне примената содржина, корисникот нема да добие предупредување.
Поврзани артикли