Google и натаму води борба со апликациите за Android кои ги кршат правилата за приватност, а сега оваа компанија отстрани девет од нив од својот Play Store.

Аналитичарите откриле дека некои популарни апликации „краделе“ податоци за пристап на корисниците за социјалната мрежа, поради што тие биле отстранети, а меѓу нив се Horoscope Daily и Rubbish Cleaner. Заедно, овие апликации имаат повеќе милиони преземања.

Апликациите ги мамеле корисниците со прикажување на вистинската страница за најавување на Facebook, а потоа го вчитувале JavaScript од командниот и контролниот сервер за да ги „крадат“ податоците за пристап и да ги проследуваат понатаму. Апликациите краделе и „колачиња“, а во секој случај цел бил Facebook.

Google ги отстрани апликациите, но ги забрани и сите останати кои им припаѓаат на спорните програмери.