Google отстрани девет апликации од Play Store откако беше откриено дека станува збор за тројанци кои краделе податоци за пристап до сметките на Facebook.
Според Engadget, малициозниот софтвер имал вкупно над 5,8 милиони преземања, маскирани во апликации како што се Horoscope Daily, Rubbish Cleaner, Inwell Fitness, App Lock Keep, Lockit Master, App Lock Manager, Horoscope Pi…чија цел секогаш бил Facebook пренесува Tportal.
Google им забрани на програмерите пристап до Play Store, но тоа не значи многу ако тие одлучат да создадат нови сметки, но прашањето е како тие успеаја да добијат толку многу преземања пред да бидат откриени. Со автоматско скенирање на малициозен софтвер, Google го чува подалеку од Play Store, но овој пат тие не беа свесни дека податоците паднале во погрешни раце.
Во секој случај, пред преземањето на апликациите, потребна е посебна грижа за оние непознати и непроверени автори, без оглед колку се популарни.