Samsung Galaxy S21 FE 5G рендерите, кои се појавија минатиот месец, го прикажуваа телефонот во четири бои. Сега се појави официјалниот постер, кој ги потврдува опции на бои и ни нуди подобар увид во овие варијанти на телефонот.

Galaxy S21 FE 5G претходно се појави на Geekbench, со Snapdragon 888 чип, 6GB/8GB RAM и Android 1, иако подоцна дознавме дека Samsung на некои пазари ќе го користи својот Exynos чипсет.

Екранот од 6,41-инчи има FullHD+ резолуција и punch-hole отвор во центарот за селфи камера од 32MP. Телефонот ќе има 128GB и 256GB простор за складирање и 4500mAh батерија со поддршка за 45W полнење.

Samsung се уште не ја потврди објавата на Galaxy S21 FE 5G, а медиумите од Јужна Кореја сугерираат дека ќе биде претставен во октомври.