Претходно се појавија извештаи дека Samsung ќе ја одложи објавата на Galaxy S21 FE телефонот, поради недостаток на чипови. Телефонот се очекуваше со Qualcomm Snapdragon 888 чип во ограничени залихи, но според извори од Јужна Кореја, можно е да бидат промененти плановите на компаниите.

Mae-il Business сега известува дека Galaxy S21 FE ќе биде испорачан со Exynos чиповите на Samsung, на пазарите како Европа и Северна Америка.

Samsung имаше проблеми со објавата за нови телефони со премиум чипови, поради недостигот на пазарот предизвикан од пандемијата. Поради тоа е откажана и 2021 Galaxy Note серијата. Како и да е, Samsung не сака да го направи истото со Galaxy S21 FE линијата, па затоа има смисла да се префрли на свој чипсет.

Од друга страна, објавата на телефони со различни чипсети за различни пазари не е некоја новост за Samsung. Galaxy S серијата во последните неколку години беше објавувана со Qualcomm и Exynos платформите истовремено.