Во изминатите неколку недели беше многу богато со протечени вести и информации за претстојните Google Pixel телефони од третата генерација. Сега сајтот MySmartPrice ни донесува ексклузивни промотивни фотографии и видео од претстојните уреди, кои се фокусирани на софтверот.

Најголем дел од деталите, кои ги донесува промотивниот материјал се прилично очигледни. Софтверот изгледа исто како Android 9.0 Pie Build кои моментно ги користат Pixel 2 и Pixel 2 XL уредите со стандардни Android навигации, интеракција со известувањата, Active Edge функцијата, Tap to Wake и можноста за стартување на камерата со притискање на копчето за вклучување.

Уште една интересна функција, прикажана во промо видеото е делот каде јуредот е способен да го разбере името на ресторанот споменат во мејл порака. Долгиот притисок на името на ресторанот му дава на корисникот опција да изврши резервација. Тука е и опцијата viewfinder-от на камерата да скенира нечија мејл адреса од бизнис картичка.

Единствената карактеристика на новите Pixel 3 и Pixel 3 XL телефони, која во овој момент не ни е позната, се нивните цени. Меѓутоа, бидејќи телефоните ќе бидат претставени на 9. октомври, нема уште долго да треба да чекаме за да ги дознаеме сите официјални детали. Повеќе промо фотографии можете да погледнете на линкот на изворот.

Извор: MySmartPrice