Сончаницата е сериозна здравствена состојба која настанува со изложување на главата, особено темето, на висока температура, односно под влијание на сончева топлина.

Првите симптоми на сончаница се главоболка, вртоглавица, немир, збунетост, црвенило на лицето и температура на телото над 38,9 степени. Подоцна може да се јави и зуење во ушите, проблеми со видот и малаксаност, а можно е и да дојде до несвестица.

Што треба да направите ако вие или друг човек добие сончаница?1. Тргнете го човекот во ладовина. Отстранете сè што е вишок – чорапи, чевли, капа за да го забрзате ладењето. Разладувајте го умерено со ладен туш или наполнете ја кадата со вода. Ставете мокра крпа или пешкир на задниот дел од вратот, препоните и/или под пазувите.

Ако постои можност, испрскајте ја личноста со вода и разладете ја со вентилатор. Спротивно на општото мислење, човек со сончаница не смее да се лади со алкохол бидејќи тој пребрзо ќе го разлади телото.

2. Легнете. Во случај на сончаница, можно е и појава на несвестица, па важно е да легнете што побрзо. Ако личноста се онесвести, свртете ја на левата страна (на таа страна е срцето, па циркулацијата побрзо ќе проработи), со левата нога свиткана за одржување на стабилноста.

3. Надоместете ја изгубената течност, но не пребрзо. Пијте солена вода (1 лажиче сол на децилитар вода) која ќе ја намали дехидратацијата и губењето сол предизвикано со потењето.

Водата не смее да се пие пребрзо, за да се спречи можноста од доживување шок.

4. Останете смирени. Човек може да го фати паника, но важно е да останете смирени, а тоа најлесно може да се постигне со длабоко дишење. Чувството на вознемиреност само ќе го забрза пумпањето на крвта, што дополнително ќе ја покачи температурата на телото. Личноста која има сончаница лесно масирајте ја за да се поттикне циркулација на крвта. Грчеви во мускулите, особено во листовите, се исто така рани симптоми на сончаница.

5. Во зависност од јачината и траењето на симптомите, повикајте брза помош. Ако главоболката, вртоглавицата, немирот и црвенилото на лицето траат подолго од еден час, треба да повикате брза помош.

Напомена: Ако имате сончаница, не смеете да пиете никакви лекови, освен ако не се препишани од лекар.