СЗО тврдеше дека асимптоматските пациенти ретко можат да ја прошират заразата на други луѓе.

На почетокот на оваа седмица, СЗО издаде соопштение дека луѓето кои што се заразени од коронавирусот и кои што немаат симптоми на болеста многу ретко можат да ја рашират заразата на други луѓе и дека истите не се главни преносители на инфекцијата, пренесуваат од „Daily Mail“.

Сепак научниците од Харвард ја критикуваа СЗО поради ширење на конфузија меѓу луѓето.

СЗО вели дека главните преносители на коронавирусот се луѓето кои што имаат изразени симптоми на болеста Ковид-19, а дека заразата ретко преминува на други луѓе од асимптоматските пациенти.

Сепак, истражувачите од Харвард велат дека имаат многу докази кои што потврдуваат дека асимптоматските пациенти можат да ја рашират заразата – и тоа многу лесно.

По ова тврдење на научниците од Харвард, од СЗО признаа дека луѓето кои што немаат симптоми на болеста, а кои што се заразени од истата можат да ја пренесат заразата.

Истражувачите од Универзитетот од Харвард изјавија дека луѓето без симптоми ја шират болеста и дека СЗО создала конфузија со тврдењата дека тоа многу ретко се случува.

„Дилемата околу тоа дали асимптоматските случаи ја шират или пак не ја шират болеста е круцијална во самото контролирање на вирусот“ – изјавила д-р Ашиш К. Јха, директорка на Институтот за глобално здравје при Харвард.

Докторката исто така додала дека еден од пет луѓе кои што се заразени од коронавирусот никогаш не развил симптоми на болеста.

Извор: Telegraf.rs