NASA помина скоро една недела обидувајќи се да поправи дефект на компјутерот на телескопот. Системот се расипа на 13 јуни, а оперативниот тим не успеа да го рестартира компјутерот на 14 јуни, ниту успешно се префрли на резервниот мемориски модул. Обид за поправка беше направен и на 17 јуни, но исто така без успех.
Телескопот и неговите научни инструменти сѐ уште се во добра состојба, според агенцијата, иако операторите од претпазливост ги поставија инструментите во безбеден режим. Ова не е прв ваков дефект на телескопот годинава. NASA помина денови враќајќи го Hubble во живот во март по софтверска грешка на главниот компјутер за летање. Исто така, беше откриено дека нивоата на напон на камерата со широко поле 3 паѓале со децении, до степен кога мораше да бидат намалени за да се спречат идни проблеми.
Лансиран во 1990 година, Hubble покажува сè поголеми знаци на стареење, и покрај серијата поправки и надградби што ги направија астронаутите на NASA. Неактивниот компјутер е инсталиран за време на петтиот и последен сервис во 2009 година.
NASA планира да го лансира наследникот на Hubble во ноември – вселенскиот телескоп James Webb. Оваа опсерваторија ќе биде премногу далеку од Земјата – 1,5 милиони километри во сончевата орбита – за да можат астронаутите да прават прилагодувања.
Извор: Klix.ba