Се очекува дека OnePlus подоцна во текот на годината ќе го претстави наследникот на оригиналниот Nord телефон, кој би требало да се појави пред четвртото тримесечје на 2021. година.

Гласините од порано сугерираа дека смартфонот ќе го покренува MediaTek Dimensity 1200 чипсет, а тоа е сега потврдено на тестоците од AI Benchmark, каде е забележан уредот.

Листингот потврдува и дека Nord 2 ќе има 8GB RAM за барем една од своите верзии, а толку имаше и оригиналниот Nord модел.

Уште една карактеристика која се споманува во AI Benchmark листингот е дека OnePlus Nord 2 работи под Android 11 оперативниот систем.