Белгиската телевизија La Uno покажа иновативен начин на интервјуирање, откако со користење на холограм го “донесе” белгискиот фудбалски репрезентативец Еден Азар во студиото.

Откако Белгија го победи Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, Азар по завршувањето на мечот даде интервју за белгиската телевизија. Тој беше во соблекувалната, но неговиот холограм “седеше” во студиото.

Да потсетиме, Белгија во полуфиналето на Мундијалот беше елиминирана од Франција.