Компанијата Lenovo во текот на MWC 2021 конференцијата, го претстави Yoga Tab 13, со цена од 679 долари. Таблетот може да функционира и како екстерен дисплеј за лаптоп (или Nintendo Switch или некој друг HDMI уред), благодарение на вградениот Micro HDMI порт.
Со вграден сталак од нерѓосувачки челик, кој може да се ротира за 180 степени, таблетот може да се стави во стоечка положба или да се закачи на ѕидот.
Lenovo Yoga Tab 13 е компатибилен со Lenovo Precision Pen 2, има камера од 8MP за видео повици и опција за намалување на позадинската врева. Lenovo ветува траење на батеријата до 12 часа, додека 1080p дисплејот нуди осветленост од 400 нита.
Со Yoga Tab 13 се објавени уште неколку други Android таблет уреди, кои Lenovo ќе ги донесе на пазарот во текот на летото. Тука се и помалиот Yoga Tab 11, потоа Tab P11 Plus со 2000 x 1200p екран, као и буџетскиот ориентиран Tab M7 и Tab M8 модели.
Сите нови таблет уреди го поддржуваат новиот Google Entertainment Space, кој на корисниците им овозможува пристап до видео фајлови, книги и игри од различните апликации во рамките на еден хаб.