Почна официјалната продажба на iPhone SE (2020) моделот, кој од 24. април е достапен во првиот бран од 40 држави. Смартфонот во претпродажба е достапен на некои од најголемите пазари, вклучувајќи ги САД, Германија, но и на некои од најмалите пазарите, меѓу кои и Македонија.

Втората генерација на iPhone SE кај нас е достапен за преднарачка преку онлајн продавницата на iStyle Македонија, единствениот Apple Premium Reseller во Македонија, лоциран во Скопје Сити Мол. iPhone SE е достапен во црна, бела и црвена боја, а верзијата со 64 GB простор за складирање чини 31.990 денари. Моделот со двојно повеќе простор (128 GB) можете да го набавите по цена од 35.990 денари, додека iPhone SE со 256 GB чини 43.990 денари.

За оние кои веќе го нарачале телефонот од 17. април, се очекува дека испораката ќе почне помеѓу 1 и 5. мај. Засега не е познато колку примероци им се достапни на купувачите, но се сугерира дека во прашање е лимитиранат количина. Од 5. мај, iPhone SE (2020) ќе биде достапен и во вториот бран на држави.

 

Втората генерација на iPhone SE го носи истото име како и оригиналниот SE, а во бројни сегменти станува збор за iPhone 11, сместен во iPhone 8 куќиште. Со iPhone SE (2020) повторно имаме 4,7-инчен Ретина дисплеј, IP67 отпорност на вода и прав, класичен Touch ID сензор, поддршка за безжично полнење и една камера на задната страна. Покрај ова, корисниците сега ќе можат да купат евтин iPhone со најновиот A13 Bionic чип (истиот што го користат iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max).