Samsung се приближува до објава на наследникот на оригиналните Galaxy Buds слушалки, а има најави дека би можеле да имаат прилично примамлив изглед, иако можеби нема да добијат значајна надградба на хардверот.

Страницата 91Mobiles дојде до медиумските фотографии за Galaxy Buds 2, кои покажуваат похармоничен дизајн во еден тон на боја. Слушалките ќе бидат и поживописни, со зелени и виолетови опции, покрај понеутралните црно-бели варијанти.

Футролите за полнење, наводно ќе бидат препознатливи за оние кои ги користеле Pixel Buds A – однадвор бидат бели, додека во внатрешноста ќе биде бојата во која пристигнуваат слушалките или по избор на корисникот.

Не се очекува значајна надградба на интерните карактеристики, а информациите од порано сугерираа поддршка за активно намалување на бучавата (ANC).

Моментно не е познато кога ќе се појават Samsung Galaxy Buds 2 слушалкитѕе, а повеќето гласини сугерираат дека тоа ќе биде во текот на август, кога јужнокорејската компанија може да ја претстави следната генерација флексибилни телефони. Повеќе фотографии од слушалките се достапни на следниот ЛИНК.