Tesla повлекува околу 285 илјади електрични автомобили од Кина затоа што функцијата cruise-control што ја одржува поставената брзина може случајно да се активира и да предизвика нагло забрзување на автомобилот, што претставува безбедносен ризик.

Во порака до потрошувачите на кинеска социјална мрежа, Tesla нагласи дека постојат „потенцијални безбедносни ризици во екстремни случаи“.

Кинескиот орган за надзор на пазарот соопшти дека повлекувањето вклучува 211.256 седани Model 3 и теренски возила 38.599 Model Y произведени во Кина, како и 35.665 увезени Model 3 автомобили.

Возилата се произведени од декември 2019 година до овој месец.