Се појавија информации за ценовно подостапен таблет на компанијата Huawei, заедно со фотографии и спецификации на уредот. Huawei MediaPad C3 делува како ребрендиран MatePad T8.

Таблет уредот има 8-инчен IPS LCD екран со 1280 x 800p резолуција и 16:10 однос на страници. Од предната страна се наоѓа 2MP селфи камера, додека на задната страна е сместена 5MP главна камера.

MediaPad C3 ќе го покренува MediaTek MT8768 чипсет, во комбинација со 3GB RAM и 32GB простор за складирање. Сето ова ќе го напојува батерија од 5100mAh.

За софтверската поддршка е задолжен EMUI 10 корисничкиот интерфејс, заснован на Android 10. Таблетот ќе има и Bluetooth 5.0 и dual-band Wi-Fi конекција,

Фотографиите го прикажуваат уредот во Deepsea Blue бојата, а очекуваната цена изнесува околу 210 долари.