Научници од Универзитетот Оксфорд ги открија посмртните останки од најстарата жртва на напад на ајкула што се случил пред 3.000 години.

Анализирајќи ги посмртните останки на маж во локацијата Сукомо во Јапонија, научниците забележале 790 повреди на рацете, нозете, предниот дел на градите и абдоменот.

Некои од повредите биле многу остри и длабоки, со облик на буквата V. Со процес на елиминација е исклучен човечки конфликт како и напад од познати предатори, а научниците се сложуваат дека најверојатно станува збор за напад од тигар ајкула или голема бела ајкула.

Преку анализа е утврдено дека човекот починал меѓу 1370 и 1010 година пред Христос, односно пред повеќе од 3.000 години.

Научниците ги мапирале повредите на 3Д модел на скелет за да визуализираат и анализираат. Според местото на повредите, утврдиле дела жртвата била жива во текот на нападот, а недостатокот на левата рака покажува дека имало борба.

Се верува дека мажот ловел риба во јужниот дел на Јапонија кога бил нападнат. Телото на жртвата по нападот било погребано.