Главната вест за Windows 11 е за тоа каде Microsoft го гледа компјутерскиот свет во следните неколку години, но исто толку е и за приказната за подемот и падот на Skype.
Апликацијата беше преземена за 8,5 милијарди долари пред една деценија и пред пет години Skype беше големо име во полето на интернет повиците и видеозаписите. Microsoft го интегрира во Windows 10.
Сега, по пандемиската година во која луѓето го користеа компјутерот за комуникација преку глас и видео повеќе од кога било порано, Skype никаде го немаше во презентацијата или материјалите за Windows 11. Наместо тоа, Microsoft Teams доби видно место во новиот task bar што е централно позициониран, како подлабока интеграција во Windows.
Сега, ако сакате да користите Skype, ќе мора да го најдете во Microsoft Store, како и секоја друга апликација. Портпарол на компанијата за The Verge изјави: „Апликацијата Skype сега е достапна за бесплатно преземање само преку Microsoft Store“.
Можете да видите колку нагло падна Skype во текот на изминатата година кога ќе размислите кои други апликации ќе ги вклучи Windows 11 во пакетот. Skype им се придружува на OneNote, Paint 3D и 3D Viewer, апликациите што повеќе нема да се испорачуваат со оперативниот систем.
Извор: B92.net