Huawei наскоро ќе претстави нов телефон од средната класа, наречен Huawei Nova 8i. Сега се појави фотографија, на која се гледа задниот дел на уредот, со фокус на централно поставениот камера модул.
Во системот ќе се најдат вкупно четири камери, со 64MP (f/1.9)m главен сензор, 8MP (f/2.4) ултраширок сензор и видно поле од 120°, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Рендерот прикажува Moonlight Silver боја, а телефонот се очекува и во Starry Black i Interstellar Blue варијанти. Фотографијата не го открива дизајнот на предната страна, но гласините од претходно сугерираат дека ќе има издолжен отвор за една селфи камера.
Екранот ќе биде 6,7-инчен LCD со FHD+ резолуција, DCI-P3 покриеност на бои, а Nova 8i нуди 94,7% screen-to-body однос и на корисниците им овозможува речиси “full-screen” искуство.
Huawei Nova 8i го покренува осмојадрен Qualcomm Snapdragon 662 чипсет, а го напојува батерија од 4300mAh со поддршка за 66W Huawei SuperCharge. На полето на софтверот ќе биде достапен EMUI 11 (базиран на Android 10), а се очекува дека телефонот ќе може да се надгради на HarmonyOS.