Компанијата „Lenovo“ претстави два нови паметни телефони од својата „K“ серија, „K8“ и „K8 Plus“.

Моделот „K8“ е буџетски паметен телефон кој има 5,2-инчен екран со 720p, процесор „MediaTek P20“, задна 13-мегапикселна камера со „PDAF“, како и батерија со значителен капацитет од 4000 mAh.

Вториот претставен модел, „K8 Plus“, претставува најевтиниот паметен телефон на компанија „Lenovo“ кој поседува двојна задна камера, во овој случај едната е 13-мегапиксели и дополнителна со 5-мегапиксели.

Тука е и 5,2-инчен „2.5D“ екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и „Gorilla Grass 3“ заштита, процесор „MediaTek Helio P25“, 3 односно 4 GB RAM, 32 GB интерна меморија која може да се прошири со „microSD“ картичка, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Двата претставени мобилни уреди, како оперативен систем ќе користат „Android 7.1.1“ и тоа „stock“ верзија без никакви модификации, исто како „Moto“ уредите.