McLaren официјално потврди дека нема да има нов модел на OnePlus McLaren смартфон.

McLaren неодамна го отстрани логото на компанијата OnePlus од својата страница посветена на партнерите, а тоа резултираше со шпекулации дека повеќе нема да го има скапоцениот OnePlus McLaren модел. Официјалната потврда пристигна од McLaren.

„Нашето партнерство со компанијата OnePlus беше многу успешно, но дојде до својот планиран крај. Од почетокот на 2018. година, OnePlus ни пружаше поддршка и беше вреден партнер. Им посакуваме се најдобро и се надеваме дека повторно ќе ги видиме во иднина„, се наведува во соопштението на McLaren.

Досега видовме две специјални верзии на OnePlus смартфонот кој е резултат на соработката со McLaren, а тоа се OnePlus 6T McLаren Edition од 2018. и OnePlust 7T McLaren Edition.

На CES 2020, OnePlus го претстави смарфонот OnePlus Concept One, кој ја содржеше технологијата на McLaren за стакло, која ги криеше задните камери, објави TechRadar.