Во текот на претходниот период имавме голем број информации за Samsung Galaxy Z Fold3 телефонот, кој се очекува со камера под екранот за внатрешниот преклопен екран. Меѓутоа, новите рендери, кои сега се појавија, покажуваат punch-hole селфи камера на слично место каде што беше и кај Z Fold2 моделот.

Фотографијата потврдува и дека Fold3 ќе има поддршка за S Pen, иако тоа би можел да биде специјален S Pen, кој на себе има вгравирано „Fold Edition“. Видлив е и систем со три камери, а делува дека ниту еден од сензорите не е перископ, па се очекува широка, ултраширока и 2/3x телефото камера.

На втората фотографија е видлив и Galaxy Z Flip3. Помалиот флексибилен телефон има дизајн во два тона, со две камери и поголем надворешен екран.

Се очекува дека Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 ќе бидат официјално претставени во текот на следнииот Unpacked настан на Samsung, кој ќе биде поддржан на почетокот на август.