Еден од ефектите по додавањето на Huawei во „црната листа“ на САД беше прекинувањето на соработката меѓу кинеската компанија и Google. Поконкретно, тоа доведе до отстранување на Mate 20 Pro од листата за уреди со пристап до бета програмата на Android Q.

Сепак, моделот сега повторно се појави таму и програмерите кои сакаат и ги исполнуваат условите можат да се вклучат во програмата.

Овој пресврт најверојатно е поврзан со 90-дневното одложување на американските санкции. Интересно е да се истакне дека и покрај привремениот недостаток на уредот од списокот, не се пријавени проблеми во функционирањето на бета софтверот.