Американскиот технолошки гигант Microsoft денеска ја претстави новата верзија на оперативниот систем Windows 11.
Во соопштението на американската компанија се наведува дека новиот оперативен систем ќе биде достапен во текот на летните одмори како бесплатен додаток за Windows 10.
„Ова е голем камен темелник во историјата на Windows. Ова е почеток на новата генерација компјутери“, истакна директорот на Microsoft, Сатја Надела.
Во рамките на новиот оперативен систем, прв пат е овозможена работа на апликации предвидени за Android и корисниците можат да ги набават преку Amazon.
Изборот на апликации ќе биде ограничен во понудата на Amazon, што значи дека некои нема да бидат достапни.
Microsoft го демонстрираше TikTok и други Android апликации кои се покренуваат заедно со Windows апликациите на Windows 11, а компанијата планира да сподели повеќе информации за тоа во следните месеци.
Се уште не е познат точниот датум на излегување на Windows 11, но Microsoft вети дека ќе го направи достапен како бесплатна надградба за корисниците на Windows 10 системот.
Поврзани артикли