LG веќе две години објавува достапни телефони во рамки на линијата Harmony, а сега изгледа пристигнува и третиот модел. Фотографијата, која ни ја овозможи дојавувачот @evleaks, го прикажува изгледот на новиот смартфон.

LG Harmony 3 фотографијата прикажува дека уредот ќе има подолг екран, како и помала горна и долна рамка во споредба со својот претходник. Селфи камерата сега има пратечки LED блиц, додека од левата страна на рамката се видливи копчиња за звук и веројатно активатор на Google Assistant.

Корисничкиот интерфејс веројатно ќе биде најновиот LG UX 8.0. Очекуваната цена на телефонот изнесува околу 800 долари, доколку јужнокорејската компанија го следи досегашниот систем на цени на Harmony линијата.