Xiaomi го подготвува Mi Mix телефонот, како што сугерираат голем број гласини. Во новиот извештај од Кина се споменуваат повеќе детали во врска со цената на телефонот, како и неговиот дисплеј.

Според наводите на страницата MyDrivers, телефонот ќе биде поскап од Mi 11 Ultra моделот, за што постои и добра причина. Најпрвин, Mi Mix 4 ќе имплементира камера под екранот. Покрај тоа, екранот ќе има подеднакво тенки рамки од сите страни.

Дисплејот, според извештајот, ќе биде ограничен на FHD+ резолуција, најверојатно поради предната камера под екранот.

Xiaomi Mi Mix 4 се очекува да работи со Snapdragon 888 чипсет и ќе има батерија со капацитет од 4500mAh, со поддршка за 120W брзо полнење.