Nintendo на суд се договори за отштета во износ од два милиона долара, врз основа на тужбата што претходно оваа година ја поднесе против сајтот UberChips. Имено, оваа компанија на својот сајт продавала производи на хакерската група Team Xecuter, кои овозможувале инсталирање и играње на пиратски игри на Switch конзолите.

Откако во мај оваа година тужбата беше предадена до судот, сајтот на UberChips е изгасен, но Nintendo не се откажуваше. Во јуни сопственикот на UberChips преку своите адвокати ги негираше сите обвиненија. Сепак, на крајот дојде до израмнување кое финишира во текот на оваа недела.

Како додаток, судот одреди дека UberChips не смее повеќе да продава никакви уреди од таков тип, како и дека мора да ги уништи сите постоечки залихи. Исто така, наложено е и својот домен да и го препушти на компанијата Nintendo.