Lenovo ги ажурираше своите лаптопи од ThinkPad P-серијата со новите модели ThinkPad P1 Gen 4, ThinkPad P15 и ThinkPad P17. Најинтересниот модел е секако ThinkPad P1 Gen 4 бидејќи носи значителни подобрувања на корисничкото искуство во однос на неговиот претходник.

ThinkPad P1 Gen 4 има 16-инчен 16:10 дисплеј, што ја подобрува продуктивноста. Спецификациите покажуваат дека вкупната големина на лаптопот е споредлива со минатогодишниот модел, така што P1 останува доста пренослив. Постојат и опции со резолуција од 4K и 2560 x 1400p.

Батеријата од 90Wh е поголема од претходниот модел. На полето на процесорите, тука е 11-та генерација Intel Core модели или Xeon за оние кои сакаат уште поголема моќ. Сегментот на графички картички е покриен со Nvidia RTX A5000 или RTX 3070/3080 моделите.

Lenovo ThinkPad P1 Gen 4 ќе се најде на пазарот од јули, по почетна цена од 2099 долари.