На долгоочекуваната средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден, која се одржа вчера во Женева, рускиот претседател пристигна во швајцарскиот град со луксузен авион „Летечки Кремљ“.
Бајден пристигна на самитот со познатиот авион „Ер форс еден“ („Военото воздухопловство 1“), а она што е можеби помалку познато е дека авионот на Путин чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра) и дека има дури и позлатен тоалет.
Како што е неопходно за авионот со кој се превезува светскиот лидер, тој има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, кои може да се користат за борбена ситуација кога Путин е во воздух.
Разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател се одржаа во вилата „Ла Гранж“ и траеја помалку од четири часа, што е далеку помалку отколку што очекуваа советниците на Бајден.
Поврзани артикли