Паметните комунални столбови што ги поставуваат властите во Сеул ќе имаат повеќекратна функција.

Во Сеул уште минатата година беше најавена инсталација на нови „паметни“ помошни столбови, кои ќе служат како осветлување, семафори, сензори, полначи за електрични автомобили, мобилни телефони, точки за пристап до W-Fi, безбедносни камери и друго.

Инсталирањето на паметните столбови веќе започна, а досега се инсталирани вкупно 26 столбови на шест локации во градот. Таканаречениот S-Pole систем може да полни и електрични автомобили, беспилотни летала, но и да ги брои чекорите на пешаците.

Проектот е се уште во фаза на планирање, а ќе овозможи следење на потенцијални катастрофи со помош на дронови и ќе пружа важни податоци за спасувачките тимови.

Новите паметни комунални столбови ќе извршуваат повеќе функции, ќе го подобрат изгледот на урбаните средини, како и безбедноста на граѓаните. Ќе служат и како станица за полнење на уреди и автомобили, така што Сеул прави уште еден чекор кон целта да стане „паметен град“.

Проектот е дел од глобалниот развој на мултифункционална улична инфраструктура, бидејќи градовите, возилата и луѓето стануваат сè повеќе поврзани. Важен е и поради фактот што градовите стануваат пренатрупани поради новите технологии и слично.