Новиот извештај, кој го објави Display Supply Chain, ни дава увид што можеме да очекуваме во сегментот на флексибилните телефони. Веројатно најинтересниот детал е тоа штп Honor подготвува свој смартфон со флексибилен екран, кој веројатно ќе се вика Magic Fold.

Уредот ќе користи панели кои се виткаат навнатре, ќе бидат произведени од BOE и Visionox, а се очекува да се најде на пазарот кон крајот на годината.

Пред тоа, Vivo и Xiaomi ќе ги претстават своите конкуренти на пазарот на флексибилни уреди, а овие модели ќе го имаат новиот UTG панел на Samsung. Motorola веројатно ќе ја претстави својата верзија на уредот од овој сегмент во 2022 година.

Во извештајот се споменува и дека Samsung Z Fold3 ќе биде прв телефон со флексибилен екран кој има камера под дисплејот, а исто така ќе биде и првиот што ќе го замени кружниот поларизатор со филтер за боја. Ова ќе резултира во намалена дебелина, зголемено осветлување и помала потрошувачка. Исто така, се предлага и можна поддршка за S Pen.