Дигиталната трансформација што се интензивира поради пандемијата со Ковид-19 доведе до раст на најголемите технолошки компании во светот каде тие гиганти вработуваат повеќе луѓе од кога било досега и создаваат стотици милијарди приходи.

– Најголемите технолошки гиганти Амазон, Алибаба, Алфабет, Фејсбук и ПејПал достигнаа 1,7 милиони вработени, што е за 60 проценти повеќе, објави „Бајшерс“(BuyShares.cuk).

Од крајот на пандемијата, Амазон ангажираше работници како ниедна друга компанија. Според компанијата, бизнисот со е-трговија доведе до создавање на 500.000 нови работни места.

Во светски рамки, Амазон има 1,3 милиони вработени и таа е втора по големина компанија во САД со повеќе од милион вработени. Пред неа е американскиот гигант за малопродажба Волмарт, кој вработува 2,2 милиони луѓе ширум светот.

Во 2020 година, приходите на компанијата се зголемија за 37 отсто на годишно ниво до 386 милијарди и според американски медиуми, Амазон генерира повеќе од 800.000 долари секоја минута.

Гугл алфабет е рангирана како втора по големина онлајн компанија според број на вработени. Во 2020 година, технолошкиот гигант пријави над 135.000 работници или 16.400 повеќе од една година порано.

Најголемата компанија за електронска трговија во Кина, Алибаба груп, во март имал над 251.000 вработени, што е импресивно зголемување од 113 отсто за една година. Годишните приходи на компанијата се зголемија за 40 отсто на повеќе од 717 милиони јуани.

Фејсбук е рангирана како четврта по големина технолошка компанија според бројот на вработени. Фејсбук минатата година создаде 13.600 нови работни места, со што вкупниот број на вработени достигна 58.600.

Петтата најголема компанија од листата е ПејПал, која бележи 14 отсто раст на работници и има 26.500 вработени ширум светот.