Nvidia наводно планира да ја прекине поддршката за драјвери за постарите верзии на Windows подоцна оваа година. Од октомври 2021 година, драјверите за графички процесори на Nvidia ќе бидат поддржани само на Windows 10, а постарите верзии на Windows ќе добиваат само критични безбедносни ажурирања.
Во моментов, Nvidia ги нуди своите GPU драјвери за Windows 7, Windows 8, Windows 8.1 и Windows 10. Според компанијата, најголем број од корисниците веќе се префрлиле на Windows 10, а бидејќи развојот на ажурирањата на драјверите одзема премногу време, компанијата одлучи да ја укине поддршката за постарите верзии на Windows.
Windows моменто е најпопуларниот PC оперативен систем, а самиот Microsoft веќе престана да нуди поддршка за Windows 7 и Windows 8, додека продолжената поддршка за Windows 8.1 ќе трае до јануари 2023 година.
Nvidia ќе престане да ги поддржува Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1 по објавата на последните драјвери на 31 август, додека од 4 октомври ќе го поддржува само Windows 10.