Новиот модел на iMac Pro пристигнува во декември годинава, а гласините говорат дека новиот „убавец” на Apple ќе добие ARM процесор во вид на A10 Fusion чип, идентичен каков што се користи во iPhone и iPad уредите. Овој копроцесор ќе ги има на располагање сопствените 512 MB RAM меморија и примарно ќе служи за поддршка на говорните команди во интеракција со Siri асистентот и тоа во било кое време, дури и кога iMac Pro е целосно исклучен.
Ова ќе биде прв пат Apple да користи свој SoC во некој Mac компјутер. Освен поддршката за Siri асистентот, А10 Fusion ќе го контролира процесор на подигнување на оперативниот систем како и долгите сигурносни појави на iMac Pro. Исто така, ќе биде во можност да извршува операции кои се извршуваат во позадина на оперативниот систем, дури и кога компјутерот е исклучен, како што е процесот на синхронизација на мејл пораките и слично.