Samsung работи на наследник на Galaxy Chromebook, кој компанијата го објави на почетокот на оваа година. А засновано на фотографијата објавена од Еван Блас (@evleaks), Galaxy Chromebook 2 во најголема мерка изгледа исто како неговиот претходник.

Постојат некои мали разлики. Samsung малку ги прераспореди портовите и осигура дека овој пат лаптопот има иста боја од сите страни (стариот портокалов модел имаше сребрени рабови, додека новиот ја користи истата портокалова боја).

Доколку претстојниот Galaxy Chromebook изгледа исто како неговиот претходник, одлуката за купување корисниците најверојатно ќе ја донесуваат во зависност од неговите спецификации во однос на цената. Првиот Galaxy Chromebook чинеше 999 долари и беше една од поскапите опции во сегментот на лаптопи со Google Chrome OS платформата .