По бројните протечени информации и рендери, изгледа дека Samsung ни го расипа изненадувањето и го откри дизајнот на претстојниот Galaxy Note 8 фаблет. Официјалниот Твитер профил на Samsung објави фотографија што го промовира Exynos 9 чипсетот, но на која се наоѓа и очекуваниот Galaxy Note 8 телефон.

Засега нема потврда дали на фотографијата навистина е претстојниот уред на Samsung, но дефинитивно е јасно дека не се работи за Galaxy S8 моделот. Уште еден извештај, кој се појави во меѓувреме, сугерира дека Galaxy Note 8 ќе биде објавен на 23. август, што значи дека ќе биде достапен најрано во текот на септември.