Honor на почетокот на јануари го претстави View 20, а наскоро не очекува телефон без View во насловот. Според податоците на дојавувач од Кина, Honor 20 се очекува наскоро, а ќе има 48 MP камера и 6,1-инчен OLED екран.

Honor 20 ќе работи на Kirin 980 чипсет, заедно со 6GB или 8GB RAM, а ќе има 128GB или 256GB простор за складирање.  Со оглед дека е дел од Huawei групата, од Honor се очекува да вгради во телефонот Gaming+, Link Turbo, CPU Turbo и GPU Turbo карактеристики, кои дополнително ги подобруваат перформансите на телефонот.

Кога е во прашање системот со три камери, тука е споменатиот 48 MP главен сензор, кој го следат камерите од 20MP и 8MP. Според информациите на дојавувачот, камерата би требало да оствари DxOMark резултат од 108 поени, што Honor 20 би го сместило веднаш зад Mate 20 и Galaxy S10+ моделите.

Honor 20 ќе го напојува 3650mAh батерија со 22.5W SuperCharge опција на полнење. Се очекува и Android Pie со EMUI 9.0 интерфејс, голем број AI функции, сензор за отпечатоци од прсти под екранот.