Realme пред неколку дена го најави својот прв лаптоп, а сега сајтот Android Authority дојде до неколку фотографии кои ни даваат подобар увид во самиот уред.
Realme Book поддржува 3:2 однос на страници, со релативни тенки рамки околу екранот. Делува како лаптопот да има алуминиумско куќиште и складен профил. Можно е да се видат и два USB-C порта од левата страна, што сугерира дека лаптопот се полни преку USB PD, но тоа се уште не е потврдено.
На дното може да се видат отвори за звучниците, како и поголем отвор за ладење. Нема информации за остатокот од хардверот. Очекувано, за софтверска поддршка е задолжен Windows 10.
На фотографиите се појави и претстојниот таблет на компанијата Realme, а изгледа дека производителот се одлучи за името Realme Pad. Се очекува дека Realme Pad ќе ја користи Android платформата, но засега нема други детали за уредот.