True Wireless Stereo (TWS) слушалки се главен тренд во последно време, а Google планира на пазарот да пласира својата алтернатива која ќе биде подостапна во однос на постоечката Pixel Buds линија. Според новиот извештај на 9to5Google, компанијата работи на нови TWS слушалки, наречени Pixel Buds А.

Се сугерира дека Pixel Buds A ќе го копираат дизајнот на премиум Pixel Buds моделот, додавајќи нови опции на бои. Ова вклучува целосно бела боја и шумско-зелена опција.

Главниот дизајн на Pixel Buds A слушалките и нивната футрола останува непроменет. Buds A и натаму ќе нудат контроли со допир и пристап до Google Assistant. Некои од попремиум функциите, како што се превод во живо, прилагодлив звук и друго, веројатно ќе изостанат од овој модел.

Google Pixel Buds слушалките се очекуваат во текот на есента оваа година, со очекувана цена од околу 100 долари/евра.