Тестирањето во моментов се спроведува во Нов Зеланд и Филипини.

Платформата X (поранешен Твитер) најави нова годишна претплата за користење на оваа мрежа, во вредност од еден долар, за корисници од Нов Зеланд и Филипините.

Иако, технички, оваа претплата не е задолжителна, секој што ќе одбие да плати ќе биде спречен да објавува содржина, да одговара на објави, да репостира, да цитира, да обележува, па дури и да лајкува објави.

Кога станува збор за претплатата, тоа не е значителна сума, но се очекува идејата да се плати за користење на X да предизвика многу луѓе да ја напуштат социјалната мрежа.

Корисниците кои креираат нови X сметки во споменатите земји имаат можност да одбијат плаќање на претплатата. Но, во тој случај нема да можат да прават ништо освен да следат сметки на мрежата и да се движат низ X на интернет.