Фотографијата настана во дел од кратерот Језеро наречен Ван Зил Оверлок, за кој научниците веруваат дека некогаш бил езеро.
Оваа снимка го означува заминувањето на роверот од местото за слетување, додека започнува научната фаза од најнапредната мисија во историјата на Марс. Направена е со помош на Mastcam-Z стерео систем, додека роверот бил паркиран 13 дена. Панорамата од 2,4 милијарди пиксели се состои од 992 фотографии комбинирани во една голема фотографија.
Роверот влегува во научна фаза, напуштајќи го Octavia E. Butler подрачјето, каде што слета на 18. февруари оваа година. Веќе докажа дека може да создава кислород од атмосферата на Црвената планета, а досега направи повеќе од 75.000 фотографии. Дури го сними и звукот на површината на Марс.
Во следните месеци, Perseverance ќе го истражува тлото на кратерот и ќе ги собере првите примероци, кои во идните мисии ќе бидат транспортирани на Земјата.
Поврзани артикли