Научниците успеаја со експериментален коктел од веќе постојни лекови речиси двојно да го зголемат животниот век на тестираните животни, пишува „Сајенс алерт“.

Тим научници од Сингапур ја тестираа експерименталната комбинација на разни хемиски соединенија врз хематодните црви Caenorhabditis elegans и открија дека коктелот од веќе постојните лекови може да ги забави ефектите на стареење и значително да ја големи долговечноста на овие живи суштества.

Резултатите од студијата покажаа дека комбинацијата на „рапамицин“ со три други состојки, дури може да го удвои животот на нематодните црви – најдобриот резултат досега во поглед на продолжување на животот на животните. Покрај тоа, прелиминарната анализа сугерира дека комбинацијата на лекови споменати погоре не му наштетила на организмот на тестираните животни.

Истражувачот Јан Грубер смета дека овие лекови би можеле да имаат сличен ефект и кај луѓето. „Не само што би можеле да живееме подолго, туку и би можеле да бидеме повитални за време на староста; да не страдаме од болести поврзани со процесот на стареење, како што се болестите на кардиоваскуларниот систем, артритис, рак или Алцхајмерова болест“, објасни тој.