Motorola веќе го објави Moto G Stylus (2021), а телефонот сега доаѓа со 5G можности. Moto G Stylus 5G е официјално претставен во САД, каде во продажба ќе се најде од 14. јуни по цена од 399 долари.

Самото име укажува на тоа дека телефонот пристигнува со поддршка за паметно пенкало. Покрај тоа, има и 6,8-инчен 1080 x 2400p LCD екран, Snapdragon 480 5G чипсет, 6GB RAM, 256GB простор за складирање и 5000mAh батерија со 10W полнач во пакувањето.

На задната страна на телефонот се наоѓа 48MP f/1.7 главна камера, со 8MP f/2.2 118° ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна е сместена 16MP селфи камера во punch-hole отвор. Уредот работи под Android 11 оперативниот систем, креиран е од пластика и ќе биде понуден само во Cosmic Emerald боја.