Сајтот WABetaInfo ни носи увид во новата опција која се тестира во рамките на WhatsApp бета верзијата на апликацијата.

Бета тестерите на WhatsApp за iOS и Android добија опција да ја испробаат можноста за објавување гласовни статуси од 30 секунди.

Со оваа опција, WhatsApp треба да им даде на корисниците уште еден начин креативно да се изразат во популарната апликација за пораки.

WABetaInfo објави скриншот, кој покажува опција со икона за микрофон во долниот десен агол на статусот на WhatsApp. Со притискање на иконата, корисникот ја започнува опцијата за снимање на гласовна порака и објавување.

Гласовните пораки, доколку тестот е успешен, ќе станат уште еден начин на кој корисниците ќе можат да објавуваат содржина во рамките на нивниот статус на WhatsApp. Во моментов им се достапни текстови, фотографии и видеа.

Се очекува можноста за креирање гласовни статуси да стане стандардна опција за сите корисници во идното ажурирање на WhatsApp.