Се појавија извештаи за нов паметен телефон на LG, заедно со дискутабилна фотографија, кои ни даваат идеја за тоа како би можел да изгледа смартфонот. Телефонот го носи кодното име LG Wing, а форматот на уредот има облик на буквата „Т“.

Дизајнот на овој уред укажува на дополнителен 4-инчен, четвртест екран, кој е скриен под главниот. Со извлекување на помошниот дисплеј, главниот екран се преместува во хоризонатална положба.

Пратечката фотографија не ги претставува вистинските уреди и без сомневање е кропирана, така што извештајот е потребно да се земе со доза на резерва. Уредот, наводно, ќе користи Snapdragon 7-series CPU и ќе има 64MP главна камера.

Идејата, која стои зад помалиот, четвртест екран е дека би можел да нуди дополнителни информации покрај она што го прикажува главниот екран (кој би требало да има големина од 6,8 инчи).